РСБСП со препораки за велосипедистите

Скопје, 27 мај 2015 (МИА) - Мај е традиционално месец на велосипедисти во Македонија. Велосипедот е најеколошко, најздраво, и најекономично возило, за кое не треба никаква возачка дозвола или полагање, но сепак е потребно да се познаваат и почитуваат правилата и прописите за безбедно учество во патниот сообраќај.

Од Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБС) на патиштата посочуваат дека велосипед на пат може да управува лице кое наполнило 10 години возраст.

Во случај кога нема изградена велосипедска патека, велосипедистот е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека, тогаш тој е должен да се движи по велосипедската патека односно лента.

Кога велосипедистите се движат по велосипедска патека, односно лента тогаш тие несмеат да се движат со брзина поголема од 25 километри на час.

Велосипедистот е должен да го управува велосипедот на начин на кој не се намалува стабилноста на велосипедот и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.

Велосипедистот може да превезува други лица само ако на возилото постојат посебни седишта.

Деца до 14-годишна возраст несмеат на велосипед да превезуваат други лица.

Велосипедистот за време додека управува со велосипедот несмее да води животни.

Велосипедистот не смее на велосипедот да превезува лице кое е под дејство на алкохол.

Велосипед не смее да се вози по автопат, освен за време на организирани настани, со соодветна придружба.

Велосипедистот и лицата кои се превезуваат со велосипед не се обврзани да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Но, гледано од аспект на пасивна безбедност препорачливо е за време на возењето да се носи заштитен шлем.

- Никогаш немојте да заборавите дека во случај на судир со друго возило, вие немате еден тон метал да ве заштити, ниту заштитен појас, воздушни перничиња… Затоа возете интелигентно, посветено и концетрирано. Тоа е најдобар начин да избегнете ситуации кои би го загрозиле вашето здравје и живот, велат од Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...