Штип се подготвува за „Макфест“

Штип, 27 мај 2015 (МИА) - Триесет композиции ќе бидат изведенаи на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој годинава ќе се одржи од трети до петти јуни на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Раководителот на прес-центарот на „Макфест“ Драган Ристов вели дека и годинава фестивалот се одржува под покровителство на Мниистерството за култура и општина Штип.

- Влегуваме во финиш, бидејќи од почетокот на фестивалот не делат уште седум дена. Во Скопје пробите течат одлично, а на крајот на неделата ќе започне конструкцијата на сцената. Се очекува да пристигне и ревискиот оркестар со што ќе започнат и пробите за фестивалските композиции во Штип, на сцената во Домот на културата, рече Ристов.

Тој додава дека од правен аспект, завршени се сите подготовки околу склучување договори со учесниците и техничкиот персонал, веќе се утврдуваат локациите и распоредот за престојот на гостите, а над 50 новинари веќе побарале акредитации за следење на фестивалот.

- Општината ја дава сета логистика и вработените веќе имаат задолженија околу организацијата на фестивалот. Во контакт сме со дирекцијата на Сплитскиот фестивал и се надеваме дека ќе успееме да договориме настап на некое балканско музичко име, кое имало учествувано на фестивалот а се утврдува и листата на изведувачи кои биле победници или имале големи хитови од Макфест кои ревијално ќе настапат како дел од шоу програмата, вели Ристов.

На фестивалот „Макфест“ на трети и четврти јуни ќе се одржат двете полуфинални вечери кога ќе настапат по 15 изведувачи. На 5 јуни ќе се одржи финалето на кое ќе настапат по девет изведувачи од првата и втората полуфинална вечер. Наградниот фонд за годинешното јубилејно 30. издание на фестивалот на забавни мелодии изнесува речиси 30 илјади евра:

Првата  награда на „Макфест“ носи 10.000 евра, втората 7.500 евра и третата награда е во износ од 5.000 евра. Награда ќе биде доделена и за најдобра вокална изведба во износ од 1.000 евра, потоа награда „Драган Ѓаконовски – Шпато“ во износ од 1.000 евра која ќе му се додели на најдобриот аранжер согласно одлука донесена од страна на стручна комисија. Ќе има и награда за најдобар дебитант во износ од 1.000 евра, за најдобар сценски настап исто така во износ од 1.000 евра, како и признание за најслушана композиција меѓу два фестивала.

Ристов истакна дека се преземаат и мерки да се  спречат сите „стапици“ во гласањето. Годинава ќе се гласа со СМС пораки, кои 30% ќе влијаат во изборот на финалистите и победникот, додека останатите 70% ќе им припаднат на членовите на жирито, кое ќе биде интернационално и составено од двајца претставници од Македонија и тројца од странство, а нивните имиња ќе се држат во строга тајност поради спречување на секакво влијание и притисок. Првата полуфинална фестивалска вечер ќе ја отвори дебитантката Евгенија Чанчалова со песната „Миг до вечноста“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...