Подобрено финансиското работење на ЈП „Пазаришта“ од Куманово

Куманово, 27 мај 2015 (МИА) - Подобрување на финансиското работење регистрира јавното претпријатие „Пазаришта“ од Куманово во првиот квартал од годинава во споредба на истиот период лани.

Како што информира денеска директорот на претпријатието Илир Саити, претпријатието ја намалило загубата за милион и петстотини илјади денари.

- Резултатите почнаа да се подобруваат кон крајот на 2014 година кога забележавме намалување на загубата за 900.000 денари. Ова се должи пред се на отварањето на пазарот за стари работи, но и на расчистувањето на дивите тезги од повеќе локации во градот, рече Саити.

Со издавањето под закуп на деловните простории со кои стопансува „Пазаришта“, како што посочи Саити, се очекуваат месечни приходи од 100.000 денари.

Тој информираше дека во 2014 година во претпријатието се вработени нови 11 работници согласно потребите на претпријатието, бидејќи имало потреба од вработување на ветеринар на Сточниот пазар, агроном, но и на вработени на Зелениот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...