Цветков: Со сертифициран семенски материјал до поголеми приноси

Скопје, 27 мај 2015 (МИА) - Македонија има природен потенцијал за квалитетно и конкурентно земјоделско производство кое со примена на напредни технологии, современи техники и знаење ќе даде позитивни резултати изразени преку повисоки приноси и приходи, како и подобрен стандард на живеење на населението во руралните средини.

Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на прославата на Денот на пченицата во скопската компанија Агроунија, специјализирана за производство на сертифициран пченичен семенски материјал.

- Согласно Стратегијата за земјоделство и рурален развој 2014-2020 година планираме покриеноста на домашната потрошувачка на пченица да изнесува 80 наместо сегашните 60 отсто. Постигнувањето на овие цели е условено од зголемувањето на приносот над 3.500, па и 4.000 килограми по хектар преку употреба на сертифицирано семе, примена на соодветни агро-технички мерки во дадени услови на производство и запазување наминималните услови за добра земјоделска практика и заштита на животната средина, порача Цветков.

Тоа, како што нагласи, може да се постигне со користење на науката, примена на најдобрите агротехнички мерки и избор на сорти на пченица кои најмногу одговараат за површините во земјава. 

- За подобрување на производството потребна е и консолидација на земјоделското земјиште, односно окрупнување на земјоделските парцели на најмалку 4 до 5 хектари, изградба на пристапни патишта до нив и системи за наводнување. Сепак сертифицираниот семенски материјал е основен доколу сакаме да имаме добри приноси и квалитетно зрно. Токму затоа од 2018 година нема да субвенционираме површини кои ќе бидат засадени со несертифициран семенски материјал. Тоа го правиме за да им помогнеме на земјоделците да користат сертифициран семенски материјал за да добијат поголеми приноси и поквалитетно брашно, рече Цветков.

Генералниот директор на Агроунија и претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, Огнен Оровчанец истакна дека неоговата компанија без проблем може да ги задоволи потребите за сертифициран семенски материјал во Македонија.

- Ако пред 25 години бевме во можност да обезбедиме 40 осто од потребите за семенски материјал на поранешна СФРЈ и житницата Војводина зашто да не бидеме во можност да го направиме тоа и за Македонија. Потребно е само да го направиме потребниот план, изјави Оровчанец, нагласувајќи дека со употреба на квалитетен семенски сертифициран материјал приносите се зголемуваат за 30 отсто.

Тој посочи дека работат на нови креација на семенски материјал и додаде дека имаат селекции кои ќе се умножуваат за наредните 10 до 12 години. Сортите на Агроунија се признати во Косово и Србија, а наскоро се очекува да бидат признаени и во Турција. 

Во рамките на одбележувањето на „Денот на пченицата 2015“ беше извршена  обиколка на опитните полиња на Агроунија и презентација на македонските сорти пченици, семепроизводство на линии од сортите Македонска Родна, Балканија, Олга, Подобрена Оровчанка, Осатка, Агроунија Прима, семепроизводството на Трикикале, како и обиколка на макро, микро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите балкански и европски сорти.

Македонија за прехрана на населението има потреба од 360.000 тони пченично зрно од кои самите произведуваме околу 200.000 тони, а остатокот го супституираме со увоз од околните земји. Годинава поради неповолните климатски услови се засејани околу 70.000 хектари со пченица, наместо планираните 90.000.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...