СДСМ објави нови прислушувани разговори

СДСМ денеска на прес-конференција, која се одржа пред Владата на Република Македонија, објави нова серија прислушувани разговори.

Разговорите, како, што рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, биле водени меѓу премиерот Никола Груевски и Миле Јанакиевски и Влатко Чинго, меѓу Гордана Јанкулоска и Митко Чавков и Горан Трајковски.

Од нив, како што рече, се слушаат признанија дека не и оди работата на Владата, дека од позиција на власт се влегува во беззаконие, поништување на Уставот и законите. Може, рече Заев, да се види беззаконие за ослободување на сопственик на фирма затоа што бил партиски донатор, како и влегување во архивите, односно барање оригинален документ да исчезне од архивите на МВР...

Одговарајќи на новинарско прашање Заев истакна дека очекува разврска на политичката криза во земјава до крајот на јуни. За него решение за излез од кризата е преодна влада во која Никола Груевски нема да биде премиер, а ќе има за цел да направи подготовки за фер избори.

Побара ослободување на приведените за „Пуч“, бидејќи, како што рече, по интервјуто на премиерот Груевски во кое истакнал дека зад случајот не стојат странски служби, обвиненијата паѓаат во вода.

Во врска со информацијата која беше пренесена како дел од интервју на Заев за германски медиум дека невини лица се во затвор за случајот „Монструм, истакна дека најверојатно станува збор за грешка во интерпретацијата, иако, како што рече, големи сомневања се врзани за овој случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...