Бан Ки-мун го прогласи Македонецот Михајловски во еден од идните светски млади лидери

Брисел, 28 мај 2015 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун синоќа на свеченост во Брисел го круниса Македонецот Даниел Михајловски како еден од идните 14-те светски млади лидери, јави дописникот на МИА од Брисел.

Михајловски, како претставник на СОС Детско село од Македонија, е еден од 14-те идни млади лидери во светот според изборот на Обединетите нации и Европската комисија, кои заедно го организираа овој избор на претставници на различни земји и националности ширум светот.

Говорејќи за еманципацијата, образованието и вработувањето на младите лица, Михајловски во својот настап пред еминентните претставници на ОН и на ЕУ посочи дека неговата генерација е една од најуобразованите во историјата, но дека се работи за генерација која најтешко може да најде пристојна работа.

- Многу млади луѓе бараат работа во развиените европски земји и во мојата Македонија. Македонската Влада нуди можности и програми за вработување, но за жал истите не се користат соодветно, посочи Даниел Михајловски во говорот пред Бан и другите европски и светски лидери.

Генералниот секретар на ОН посочи дека младите се нашиот свет, достоинство и иднина и оти избраните 14 идни светски млади лидери, меѓу кои и Македонецот Михајловски, се надеж за една посветла иднина на планетата.

Дваесет и тригодишниот Михајловски уште како дете е рано останат без родители и е израснат во СОС Детско село. Тој е дипломиран економист и работи како архивар во Министерството за финансии на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...