Македонија продолжува со придонесот во мисијата „Одлучна поддршка“

Скопје, 28 мај 2015 (МИА) - Република Македонија е цврсто посветена на глобалниот мир и стабилност. Вие сте несомнен доказ за тоа и јас сум убеден дека задачите пред вас ќе ги извршите професионално и одговорно, им порача министерот за одбрана Зоран Јолевски на тринаесетмината припадници на АРМ кои заминуваат во Авганистан во рамки на мисијата „Одлучна поддршка“.

Тој посочи дека за Македонија од исклучителна важност е мировниците да се вратат живи и здрави дома, кај своите најблиски, побогати за едно искуство кое ќе им го пренесат на своите колеги.

На приемот на 12-те офицери и еден подофицер на Армијата кои ќе бидат дел од турскиот контингент во Командата на Кабул, присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

Тој оцени дека мировниците се подготвени за обврските и одговорностите кои ги очекуваат и оти ќе одговорат на сите задачи и како досега достојно ќе ја претстават Република Македонија.

Командантот на контингентот се заблагодари за укажаната доверба да се претставува Република Македонија во мисијата во Авганистан и истакна дека сите припадници на контингентот ќе вложат максимални напори да ја продолжат традицијата на македонските мировници, односно да бидат успешни, професионални и целосно предадени на доверените задачи.

По завршувањето на мисијата ИСАФ на крајот на 2014 година, Република Македонија го продолжи своето присуство во Авганистан во новата мисија на НАТО-Алијансата - „Одлучна поддршка“ со 39 припадници. Основната мисија на „Одлучна поддршка“ е обука, советување и менторирање на авганистанските безбедносни сили и институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...