Делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели во Македонија

Скопје, 29 мај 2015 (МИА) – Делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели (ТВАА) денеска и утре ќе престојува во Македонија во рамки на инцијативата „Meeting the Investors and Enterpreneurs 2015“ за селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи.

Станува збор за регионален настан со кој се означува почеток на иницијативата која ќе трае од 24 мај – 24 декември 2015 година при што ќе се одржат неколку презентации и селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи, а најдобрите ќе одат во Истанбул наесен, годинава.



Според агендата, денеска во Скопје, а утре во Тетово ќе може да се презентираат компаниите кои бараат инвестиција. Предвидени се посебни панели за мали и средни претпријатија и претприемачи, како и за потенцијалните домашни бизнис ангели инвеститори.

ТВАА во Македонија доаѓа во организација на Македонската мрежа на бизнис ангели и центарот Емкице како членка, како и во коорганизација на регионалниот центар Полог, општините Тетово и Гази Баба, Сојузот на стопански комори и Комората на северозападна Македонија и Косме мрежата, со помош на Турската амбасада.

Турската асоцијација на бизнис ангели се смета за една од најсилните асоцијации на бизнис ангели во Европа. Претставува 70 отсто од 12-те официјално регистрирани мрежи на бизнис ангели во Турција, од кои осум се нејзини членки. ТВАА годишно инвестира околу 400 милиони долари во старт ап, мали и средни компании во Турција и игра клучна улога во развојот на иновациите и вработувањата на младите во целата држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...