Средба на Ахмети со Петерле

Скопје, 29 мај 2015 (МИА) - Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со Алојз Петерле, претседател на Мешовитиот парламентарен комитет на Европската унија - Република Македонија, при што разговарале за актуелната политичка криза во земјата, политичкиот дијалог и евроатлантската перспектива на Македонија.

Како што соопшти ДУИ, Петерле го истакнал охрабрувањето на ЕУ за надминување на политичката криза во Македонија и подготвеноста на институциите во Брисел за да помогнат во нејзиното решавање.

Ахмети, пак, го запознал европратеникот и поранешниот премиер на Словенија за, како што велат, напорите на ДУИ да иницира политички дијалог меѓу лидерите на четирите најголеми партии во земјата како и за конкретните ставови на ДУИ на средбите со лидерите за излез од кризата.

- Недостигот на јасната евроатлантска перспектива како последица на нерешените прашања со соседите резултира со продлабочување на политичката криза и несигурност и недоверба меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата. Демократската унија за интеграција смета дека во секоја криза се раѓа нова можност и ако не недостига посветеноста на Брисел и Вашингтон, тогаш од оваа криза ќе излеземе уште посилни и со многу јасна евроатлантска насока, се вели во соопштението.

Ахмети воедно повикал ЕУ и земјите членки на Унијата заедно со САД да се вклучат активно и директно за да помогнат во решавањето на политичката криза во Македонија што, се наведува, ќе биде од корист на земјата, регионот и евроатлантската заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...