Мониторинг комисијата на ПССЕ ќе заседава за Македонија во јуни

Париз, 29 мај 2015 (МИА) - Известувачот за Македонија на ПССЕ Роберт Валтер пред Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа поднесе устен извештај по посетата на Македонија на крајот од април.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, членовите на Мониторинг комисијата на ПССЕ вчера биле само усно запознати со содржината на разговорите на нивната делегација по посетата на Македонија. Притоа не била отворена дебата, со цел да им се пружи шанса на разговорите кои се водат меѓу политичките партии во Македонија. Дебатата е презакажана на ниво на Комисијата во јуни, кога се одржува пленарната сесија на ПССЕ.



Известувачот Валтер во својата официјална реакција по настаните во Македонија повика на одговорност „сите партии избрани во Парламентот да ги надминат длабоките политички и етнички разлики, кои се уште преовладуват, бидејќи тоа е нивна одговорност“, потсетувајќи на важноста од мирен соживот и интеракција меѓу различните етнички заедници.

Состанокот на Комисијата се одржува зад затворени врати и дебатите исто така се тајни. Потпретседател на оваа Комисија е македонскиот пратеник Александар Николоски, кој учествуваше во нејзината работа во Париз.

Делегацијата на Комисијата за следење на обврските на земјите членки на ПССЕ ја посети Македонија на 28 и 29 април, при што предложи серија мерки за надминување на кризата, по средбите со претставниците на сите политички партии избрани во Парламентот.

Делегацијата на ПСЕЕ притоа уште еднаш потсети дека се убедени дека бојкотот на Парламентот е „тешка грешка, бидејќи во никој случај не може да се смета како соодветна политичка позиција“.

Делегацијата, во која се наоѓаа Стефан Шенах, Алфред Грос и Роберт Валтер, притоа оценија дека изразената загриженост од опозицијата за, како што велат, нефункцинирање на институциите треба да биде земена предвид.

Меѓу предложените мерки за надминување на кризата, ПССЕ предложи Парламентот да работи според законските и уставните одредби за пополнување на испразнетите 31 парламентарни места, вклучувајќи и организирање парцијални избори, одвојување на партиските и државните активности, одржување на пописот, поголема слобода и независност на медиумите и создавање парламентарна комисија за да се испита актуелната политичка криза и зајакнување на демократската контрола на разузнавачките служби, во согласност со насоките на Венецијанската комисија.

Советот на Европа притоа, како што се нагласува во Стразбур, е подговен да и помогне на Македонија. Република Македонија се наоѓа во пост-мониторинг дијалог со ПССЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...