Клучен ден да се најде трајно решение и да се тргне напред

Брисел, 10 јуни 2015 (МИА) - Ова е клучен ден да се најде трајно решение и да се тргне напред, напиша на Твитер еврокомесарот Јоханес Хан пред почетокот на средбата во Брисел со четворицата лидери на најголемите македонски политички партии за надминување на политичката криза во Македонија.

Средбата што се одржува во зградата „Берлемонт” на Европската комисија во Брисел, стартуваше во полн состав околу 11:30 часот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако првично беше предвидено Хан да има на почетокот билатерални средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а потоа и со премиерот Никола Груевски, сепак, двајцата, седнаа на заедничка маса заедно со известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент Иво Вајгл, како и лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети.

Како што извести портпаролката на Еврокомисијата Маја Коцијанчич, четворицата македонски лидери плус Хан и Вајгл, седнаа веднаш на маса со цел да постигнат договор во однос на прашањата од постигнатата рамка на минатонеделниот состанок во Скопје.

Она што изненади на стартот, е порегот на претседателот на СДСМ, Заев, кој единствено пред средбата даде изјава, но за медиум избран од негова страна и на оддалечена место од другите новинарските тимови кои во прес-собата на Европската комисија го очекуваат исходот од денешните преговори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...