Во Ваксинце отркиени 128 илигални мигранти

Скопје, 11 јуни 2015 (МИА) - Во  полициската акција во село Ваксинце ноќеска се затеканти 128 мигранти од Сирија, Ирак и други земји од Блискиот Исток. Полицијата исто така во една од куќите што ги претресувала пронашла и едно 68-годишно лице по кое било распишана потерница за издржување казна затвор за извршено кривично дело убиство.

МВР до надлежното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал ќе поднесе кривична пријава за криумчарење на мигранти против четири лица од Ваксинце на возраст од 32 до 61 година, сопственици на објектите во кои се пронајдени мигрантите.

Портпаролот на МВР Иво Котески денеска на прес-конференција посочи дека лицата се пронајдени во пет објекти од 10-те претресени од страна на полицијата.

- Според досегашните сознанија, сопствениците на објектите ги изнајмувале по цени во просек од 1.500 евра месечно, во зависност од тоа за каков објект се работи или доколку сами ги примале илегалните мигранти им наплатувале од 5 до 10 евра само да се засолнат во објектот, без да им биде даден кревет за парите кои ги плаќале, изјави Котески.

Од досега извршените разговори со илегалните мигранти, посочи Котески, посочено е дека сите дошле во Ваксинце по сопствена воља, патувајќи од соседна Грција кон побогатите земји членки на Европската Унија.

- Ниту еден од нив не посочил дека бил жрвтва на присилба, закана или уцена во однос на престојот, рече портпаролот.

Дел од мигрантите во моментов се наоѓаат во центрите за азил додека останатите коишто би требало да бидат сведоци во понатамошната кривична постапка се во транзитниот центар.

Според Котески, за време на акцијата во Ваксинце не се регистрирани никакви инциденти, а се уште се обезбедуваат дел од објектите.

При претресот на објектите, информираше Котески, пронајдени се еден пиштол марка „ГРОУ МИНИ – 8 мм“ со рамка со 5 куршуми и 7 куршуми кои дополнително се пронајдени во ранец од мигрантите во чајџилница, каде што се откриени 41 мигрант. Во останатите објекти пронајдени и одземени се 11 куршуми 9 мм, компјутер, два лаптоп компјутери, три мобилни телефони, два џебни ножеви, една кошула со амблем на УЧК, еден тактички елек, една маскирна кошула без амблем и парични средства во износ од 2.400 евра. Дел од активностите во врска со претресите се уште се во тек и се превземаат мерки за целосно комплетирање и документирање на случајот.
Лицето приведено врз основа на распишана потерница се товари за убиство кое го извршил на 6 јануари 2001 година, во Куманово кога заедно со уште двајца негови познаници со пиштоли, кои ги поседувале без одобрение, од живот лишиле едно лице.

- Причината за убиството е што пријавените, револтирани бидејќи сега убиениот не се согласувал на брак помеѓу неговата ќерка и синот на приведеното лице, се упатиле кон неговата куќа и по кратка расправија започнале да пукаат кон него при што му нанеле четири прострелни рани. Тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде на 8 - ми јануари 2001 година им подлегнал на повредите, изјави Котески на прес-конференцијата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...