Ситуацијата во Македонија е главна точка на денешниот Совет на ЕУ

Брисел, 22 јуни 2015 (МИА) - Ситуацијата во Република Македонија и се што се случува во земјата ќе биде главна тема на дискусија на денешниот Совет за надворешни работи (ФАК) на Европската унија што ќе се одржи во Луксембург, јавува дописникот на МИА од Брисел.
 
Според програмата што ја објави летонското претседателство со Советот на ЕУ, министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, како централна точка на состанок ја имаат политичката ситуација во Република Македонија.
 
Според агендата, шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, за нашата земја ќе разговараат со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, а по пладневниот состанок со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун. Заклучоците што ќе ги донесе Советот на ЕУ, овој четврток и петок ќе бидат усвоени од страна на шефовите на државите и Владите на ЕУ-земјите на Самитот на Европскиот совет, јави дописникот на МИА од Брисел.
 
- Во април годинава, Советот изрази „сериозна загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во земјата, особено во областа на владеењето на правото, основните права и слободата на медиумите". Тој ги повика сите страни да преземат одговорност и да преземат итни мерки насочени кон обезбедување на одржливо решение и конструктивно да се вклучат да го рестартираат политичкиот дијалог и да ја вратат довербата во институциите - се наведува во најавата за дебатата за Македонија што денеска ќе ја имаат министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија.
 
Во најавата за дискусијата за македонската држава, се посочува и дека Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување го посетил Скопје на 2 јуни и се состанал со водачите на главните политички партии во насока на изнаоѓање решение за тековната политичка криза во земјата.
 
- Договор беше постигнат за голем број прашања, вклучително и на посветеноста кон реформите. Разговорите продолжија во Брисел на 10-ти јуни, но се уште не е постигнат конечен договор. ЕУ продолжува да ги повикува сите страни, во интерес на својата земја и нејзините граѓани, да се најде траен политички компромис без одложување и да се излезе со конкретни предлози за оваа цел, врз основа на договорот од 2-ри јуни. Комисијата останува подготвена да ги олесни дискусиите - посочуваат од Советот на ЕУ.
 
Денешните заклучоци на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата, ќе ги носат најмногу врз основа на приоритетите за итни реформи што во петокот ги испорача Европската комисија, а во однос на релевантни прашања од владеењето на правото, потенцирајќи многу приоритети што според ЕК „Република Македонија треба да ги исполни во областа на владеењето на правото и основните права, деполитизација на јавната администрација, слободата на изразување и изборните реформи”.
 
Зависно од исходот на последните преговори на политичките лидери во Македонија за надминување на политичката криза, како и на заклучоците што ќе ги усвои денеска Советот на Унијата, а кои во четврток и петок ќе ги потврдат шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите на Самит на Европскиот совет во Брисел, има голема веројатност за Македонија, по шест последователни години, во октомври, во најновиот извештај на Европската комисија, да ја загуби препораката за отворање на преговорите за членство во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...