Во инцидент кај скопско Мојанци ранет 56-годишен маж

Скопје, 28 јуни 2015 (МИА) - Жител на Арачиново вчера се здобил со прострелна рана во инцидент во близина на селото Мојанци, во кој учествувала група од пет непознати лица.

Како што соопшти МВР, вчера во 14 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Ј.(1959) од Арачиново, пријавил дека истиот ден околу 10 часот во близина на селото Мојанци на околу 6 километри, од страна на пет непознати машки лица вооружени со ловечки пушки и пиштоли и облечени во цивилна облека, извршено било кривично дело „предизвикување општа опасност“, на тој начин што едно од нив од огнено оружје испукало неколку куршуми кон него, по што лицата се одалечиле во непознат правец. 

Со возило И.Ј. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била констатирана влезна рана од куршум во пределот на левиот бут, по што бил задржан на понатамошно лекување.

За настанот запознати се ЕНК-ОКД при СВР-Скопје и Основното јавно обвинителство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...