ЕАВЕ работилницата посветена на развој на филмски проекти

Скопје, 28 јуни 2015 (МИА) -  Во рамки на ЕАВЕ работилницата што се одржува во Скопје, денеска почнува програмата наменета за развој на четири филмски проекти подржани од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Во текот на двата дена продуцентите и сценаристите/режисерите на филмските проекти „Слобода или смрт‘‘; „Шеќерното дете‘‘; „Дедо и внук’’ и „Проект Хепинес‘‘ ќе работат на развој на сценаријата на проектите заедно со врвни експерти од ЕАВЕ. Развојот на проектите согласно програмата опфаќа работа во група во која секој од учесниците го презентира својот проект пред присутните, но и остварува инвидуални состаноци со екпертите.

Во текот на редовната програма австралиската продуцентка и консултант Линда Бат одржа пленарна сесија на која говореше за начините на кои може еден филм да оствари приходи, како и за можните прозорци за заработка на филмовите, односно заработка од прикажување на фимовите во  кината, прикажување во домашна атмосфера (ДВД, Блу Реј и сл.), телевизиско прикажување и прикажување преку интернет и VoD платформите.

Во текот на својата презентација таа се осврна и на повеќето можни начини на дефинирање на математички формули за пресметка на можната заработка на продуцентот, при склучување договори за дистрибуција и меѓународна продажба.

Присутните продуценти на оваа сесија имаа можност преку конкретни примери со бројки да дознаат како да постапат при  преговарарање  со финансиерите, дистрибутерите и селс агентите во однос на распределбата на приходите од филмот.

Бат е австралиски продуцент и консултант. Пред 20 години таа ја има основано компанијата  Ideal Filmworks во Канада со цел прибирање средства за развој и продукција на висококвалитетни меѓународни копродукциски проекти и телевизиски програми.  Годишно учествува во реализацијата на 5 до 10 проекти (долгометражни, документарни, анимирани и телевизиски проекти). Работи како експерт и консултант обучувајќи продуценти и практиканти во Европа за начините на финансирање на проекти и стратешко планирање (Cannes’ Producers Network, EAVE).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...