МАЕИ освои едно градоначалничко и девет советнички места

Пустец, 28 јуни 2015 (МИА) - Единствнета партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на локалните избори, одржани на 21 јун, освои едно градоначалничко и девет советнички места.

- Во општина Пустец, како што веќе е познато освоивме градоначалничко место. По трет пат Едомд Темелко ја доби довербата на жителите и тоа со над 80 отсто од гласовите. Во оваа општина имаме и седум советнички места, едно е во општина Малиќ, а за првпат имаме советник и во општина Подградец, вели Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ.

Според Стерјовски заедно партите од избрната коалиција во петнаесетчлениот совет на општина Пустрец имаат  13 советнички места.

На кандидатските листи за советници, кои партијата ги имаше во 16 од вкупно 61 општина, освоени се  3.641 гласови, што е многу повеќе од последните избори, пред четири години.

- Во Лорча светничкото место не го освивме за само неколку гласа. Тоа што е проблемот на МАЕИ е проблем на сите помали партии во Албанија. Ние немаме свои членови во избирачките одбори па кога се бројат гласовите поголемите партии си ги присвојуваат гласовите на помалите,  оценува Стерјовски.

Тој додава дека освоените повеќе гласови споредено со претходните избори е доволен силен и јасен сигнал дека Македонците се повеќе вруваат дека само преку оваа партија и нејзините кандидати може да ги остварат своите права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...