Апликација за паркинг место во Скопје наградена на Хакатон натпреварот (ДПЛ)

Скопје, 30 јуни 2015 (МИА) – Апликацијата NowPark.me која помага да се пронајде најблиску паркинг-место до зададена локација изработена од студентите Јордан Крстевски и Ивана Талеска е првонаградена на Хакатонот за отворени податоци што се одржа од 3 до 26 јуни во организација на Канцеларијата на Мајкрософт во Македонија.

Учесниците на натпреварот, поддржан од Министерството за информатичко општество и администрација, развиваа апликации со користење отворени владини податоци.

- Работевме на апликација за паркирање која што овозможува да се реши големиот проблем со паркинг-местата во метрополата. Познато е дека во Скопје постојат околу 200.000 автомобили, а има 20.000 расположиви паркинг-места, така што нашата апликација би требало да овозможи полесно наоѓање на најблиското паркинг-место во реално време, изјави Талеска.

Апликацијата, појасни, ќе овозможи интеракција меѓу корисниците, односно приватни лица да можат да го нудат своето слободно паркинг-место на корисници на кои ќе им биде потребно.

Според Талеска, за заживување и комерцијализација на апликацијата ќе биде потребна нејзина презентација. Размислуваат и за отворање своја компанија која ќе работи на развивање повеќе апликации за решавање општествени проблеми.

Второнаградена на натпреварот е апликацијата на Стеван Костовски SmartPhonebook која помага корисникот да дознае кој од неговите контакти го променил операторот со што ќе се знае колку од прилика ќе го чини повикот. Третонаградена е апликацијата Culture Afp, изработена од Кристијан Арсовски и Дарко Котовски која нуди преглед на сите театри и кина во Македонија.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на доделувањето на наградите истакна дека на учесниците на натпреварот им беа на располагање 154 бази на податоци од институциите. Со отворањето на овие бази на податоци, според Ивановски, Македонија е лидер не само во регионот, туку и пошироко за што има признание од Институтот за отворени податоци.

Статистиката покажува дека заклучно со денес најискористена е базата на адресарот на детски градинки со 294 преземања, по што следи Буџетот на РМ со 105 преземања и адресарот на приватни детски градинки со 93 преземања. 

Македонија е 32-ра држава потписник на Договорот на отворено владино партнерство, со кој се обврзуваат на  транспарентен начин да ги објавуваат податоците во машински обработлив формат за да може приватниот и граѓанскиот сектор да креираат апликации или да ги искористуваат податоците.

Според Ивановски, меѓународната јавност не е доволно информирана колку многу податоци се отворени во Македонија. Споредено со останатите држави од поранешна Југославија има неколкупати повеќе податоци.  - Затоа со Институтот за отворени податоци работиме на тоа РМ да ја искористи нивната методологијата и да се најде на нивниот барометар за да може да биде презентирана како транспарентна земја којашто ги отвора податоците предвремено, односно пред граѓаните да се обратат за отворање на тие податоци, рече Ивановски.

Извршниот директор на Канцеларијата на Мајкрософт во Македонија најави дека натпреварот Хакатон за отворени податоци ќе стане традиционален.

- Убедени сме дека на овој начин ги мотивираме младите и ИТ бизнис заедницата да бидат креативни и веруваме дека на тој начин го мотивираме нивниот претприемачки дух, изјави Плавјански. 

Креаторите на наградените апликации добија награда мобилни телефони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...