ВИДЕО: Во воз кај Гевгелија откриени мигранти

Во текот на изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи издаде 253 потврди на илегални мигранти кои изразиле намера за поднесување на барање за азил.

Како што информираат од МВР, дел од мигрантите, меѓу кои и деца, се откриени во товарен воз кој од соседна Република Грција пристигнал на Железничката станица во Гевгелија. Илегалните мигранти се откриени откако почнале да удираат од внатрешноста на вагонот, заради неподносливите услови внатре, односно опасноста да се задушат.

„Врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил и привремена заштита од 18.06.2015 година, Министерството отпочна со издавање на потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија. Во периодот од 19.06.2015 до 30.06.2015 година во 08.00 часот, издадени се потврди на 5.258 странски државјани, од кои, 4.147 се од машки пол, 640 се од женски, 461 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил“ , се наведува во соопштението.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.310, потоа Авганистан- 511, Ирак- 326, Пакистан- 271, Сомалија- 245, Конго-188, Палестина-152 додека останатите се во помал број.

Во текот на вчерашниот ден, беше пријавено и едно разбојништво извршено врз илегален мигрант. Околу 18,00 часот во Куманово кај автобуската станица, додека Х.М.(1982) од Сирија се движел, 2 лица му понудиле да го превезат за Р.Србија и сите заедно пеш се упатиле по ул.„Доне Божнов” и низ бензинската пумпа продолжиле кон задната страна од домот за стари лица „Зафир Сајто“, и кај Споменикот Костурница, каде откако едното лице објавило телефонски разговор, по кратко време пристигнало друго лице со ПМВ„Голф“. Сите влегле во возилото и се упатиле во нас.Карпош, на м.в.„Почивало“, каде едно од лицата извадило метална шипка со која физички го нападнал сирискиот државјанин, удирајќи го со истата во пределот на грбот, му го одзел ранецот во кој имало сириска патна исправа на негово име, 3 мобилни телефони „Самсунг Галакси”, поголема количина евра и долари, чевли, а потоа го оставиле и заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Во текот на вчерашниот ден и Министерството за здравство продолжи со преземање на мерките произлезени од заклучоците на координативното тело.

Во Визбегово со ОРУ вакцина се вакцинирани 3 лица. Извршена е дезинфекција на железничката станица во Куманово и тоа на 800м2 вагони и 100м2 чекална и ВЦ-а. Потоа на Табановце дезинфицирани се 400м2вагони, а во Скопје 800м2 вагони и 1500ш2 и во Гевгелија дезинфицирани се 600 м2 полициска станица и 3 полициски возила, како и 1000м2 (перон и Чекална).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...