Ахмети: За крајот на неделата продолжение на политичкиот дијалог

ДУИ прави максимални напори за решавање на политичките проблеми и не отвора нови теми, а со тоа и нови проблеми за што плаќа огромна цена како партија, но е целосно решена да остане во процесот до решавањето на политичката криза во земјата, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој имаше средба со амбасадорите на ЕУ во земјата.

- За крајот на неделава закажано е продолжение на дијалогот помеѓу четирите политички партии. Беа побарани дополнителни два дена за внатрепартиски консултации и нивно позиционирање за следната лидерска средба за која очекувам дека ќе биде финална и која ќе придонесе да се зафатиме за реализирање на договореното и во пракса, изјави Ахмети.

Првиот човек на ДУИ рече дека посакува до крајот на неделава ставовите да се доближат и да се спроведат препораките од Брисел за унапредување на работата на сите државни институции.

Во однос на очекувањата дали е оптимист за изнаоѓање решение, лидерот на ДУИ рече дека може само да изрази надеж дека за сите учесници во преговорите приоритет ќе бидат интересите на државата, а не на поединечните партии и оти и во другите партии така приоѓаат на овој процес. Не би било добро за никого, рече тој, доколку на следната лидерска средба нема конкретен договор за затворање на сите прашања што била и пораката од амбасадорите на земјите членки на ЕУ, кои истакнале дека одговорноста за случувањата во земјата е на сите и оти очекуваат конечен договор.

- Беше искажана загриженост од сите амбасадори бидејќи според нив поради кризата се плаќа голема цена од страна на сите граѓани. Голем број странски инвеститори поради случувањата се повлекле од нивните намери за инвестирање во Македонија, а се откажуваат и многу туристички аранжмани што не е добaр знак за никого од политичките партии и граѓаните во Македонија, рече Ахмети.

На средбата, како што кажа, го покренал и прашањето за доближување на сите земји од регионот кој има потреба од мир и стабилност и кој е пред предизвик за решавање на многу други прашања.

- Се надевам дека проблемите може да се надминат со меѓусебна комуникација и соработка, како што се проблемите што постојат помеѓу Македонија со Грција и Бугарија, рече Ахмети.

Меѓународната заедница, според него, со сите политички сили сака што побрзо да придонесе во решавањето на кризата во Македонија, но на денешните разговори беше истакнато дека Брисел нема време да се занимава само со Македонија туку има и други важни прашања во регионот и пошироко.

- Брисел покажа голема ангажираност во поглед на Македонија и ќе продолжи да учествува во процесот на политичкиот дијалог, но нема да наметнува решенија туку тоа останува обврска на политичките лидери кои учествуваат во процесот што поскоро да постигнат заеднички договор и заедно да работат во интерес на сите граѓани, рече Ахмети.

Побарав, рече првиот човек на ДУИ, од сите амбасадори заеднички да ги охрабриме партиските претставници што поскоро да се изнајде заедничко решение и почитување на договорот од 2 јуни.

- Го искажав моето разочарување од непочитувањето на овој договор на разговорите на 10 јуни во Брисел и фактот што со празни раце се вративме оттаму без да се спроведе претходно договореното, изјави Ахмети.

Според партиското соопштение, амбасадорите високо ја оцениле улогата на ДУИ во однос на решавањето на кризата и изразиле интерес за време на траењето на актуелната политичка криза, за спроведување на препораките од страна на Европската Комисија и на Рајнхард Прибе, спроведувањето на Охридскиот договор, инцидентот во Куманово итн.

Лидерот Ахмети истакнал дека ДУИ била и останува во тесна координација со претставници на ЕУ и САД во земјата пред и за време на политичката криза, но оти така ќе остане и во иднина. - Нашата соработка е природна бидејќи делиме исти интереси, за интегрирање на земјата во НАТО и Европската Унија, рекол Ахмети.

ДУИ, како што се наведува во соопштението, смета дека акцискиот план на Владата, кој ги содржи препораките на ЕУ, треба да се спроведува со поддршка на целото општество за да се обезбеди функционирање на институциите во согласност со европските очекувања, како и да овозможи зголемување на довербата на граѓаните и политичките партии во интегритетот на институциите.

- ДУИ останува партнер на сите сили кои сакаат мирна и стабилна Македонија, со здрави меѓуетнички и соседски односи со целосно спроведување на Охридскиот договор и целосно интегрирана во НАТО и ЕУ. Во врска со извештајот за спроведувањето на Охридскиот Договор, лидерот Ахмети ја поздравува посветеноста на Европскиот институт за мир во соработка со Секретаријатот за Охридскиот договор за да се развие длабока експертиза за квалитативна имплементација на Охридскиот договор. Лидерот Ахмети исто така ја поздрави блиската сорабтока меѓу Косово и Македонија за случајот во Куманово со цел вистината да излезе на виделина, стои во соопштението.

Амбасадорите на земји - членки на Унијата се сретнаа со лидерот на ДПА Мендух Тачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...