Грант за самовработување за 500 лица

Грант за самовработување денес добија вкупно 500 невработени лица. Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Витон, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, директорот на Агенцијата за подршка на претприемништво на Република Македонија, Мустафа Мендал, денес на овие лица им доделија сертификати за завршена програма за Самовработување.

Сите овие лица кои што досега беа невработени набрзо ќе ги регистрираат своите старт ап компании, своите мали бизниси и ќе добијат грант средства од 201.000 денари за набавка на опрема и репроматеријали.

Грант за самовработување за 500 лица

– Дополнително ќе можат да ги користат и поволностите од проектот Македонија вработува и да добијат ослободување од плаќање придонеси од 3 до 5 години. Ова е значителна поддршка на државата која што го дава за формирањето и развојот на малите компании во Република Македонија кој што треба да го придвижат и економскиот развој, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој информираше дека откако е воведена оваа програма за самовработување со грант средства од 2007 до 2014 вкупно се формирани 6.775 приватни компании со над 70 отсто успешност на истите, а додека пак секоја петта компанија го има зголемено и бројот на вработени.

Грант за самовработување за 500 лица

– Им посакувам многу успех и очекувам некаде на почетокот на октомври месец оваа година да се финализира вториот дел од програмата за самовработување односно уште 460 лица да се вработат преку оваа програма за 2015 година, рече Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, истакна дека за оваа година има издвоено 200.000.000 денари за оваа програма каде што ќе се вработат 960 лица, односно 960 бизниси.

– Мора да напоменам дека 32 најиновативни бизниси ќе добијат дополнителни средства, и тие средства ќе бидат до износ од 240.000 денари, вкупно со првиот износ од 185.000 денари. Дополнително во Скопје, 5 занаетчии ќе добијат можност за бесплатен простор, бесплатно сметководство и грант од 5.000 евра, односно околу 318.000 денари, рече Поповски.

Идејата со оваа програма е да им се помогне на сите оние што имаат бизнис идеја, а немаат средства да ја реализираат, да ја реализираат. Агенцијата за вработување спроведува обуки каде се иницираат идеи за начин на водење и одржување на бизнис како и маркетинг и сметководство за тој бизнис. Агенцијата ја продолжува подршката со техничка помош во делот на развој на бизнисот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...