Во Прилеп почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Прилеп, 3 јули 2015 (МИА) - Во Прилеп и на Рудина кај Долнени денеска и утре ќе се одржи 41 фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.
  
Според уметичкиот директор на фестивалот Родна Величковска, фестивалот полни четири децении го негува традиционалниот македонски фолклор.
 
-  Од 500 пријавени, комисијата за селекција избра 300 учесници од сите краишта на Македонија, а 20-ина кои учествуваат на семинарот се од Русија и Србија. Задоволството е големо овие денови посебно што на семинарот гостите од странство го изучуваат македонскиот изворен мелос. Ансамблот „Волја“ од Вороњеж, Русија го изучува традиционалното пеење, а гостите од Србија народните инструменти, рече Величковска.
 
Фестивалот почнува вечер во 20 часот со дефиле на сите учесници по булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп, а првата фестивалска вечер со учесниците на камената бина на плоштадот „Александрија“.
 
Утре од 11 часот во киното „Мис Стон“ ќе се одржи презентација на филмот за јубиленото 40 издание на Фестивалот, а од 12 часот во галеријата од Домот на културата „Марко цепенков“ е трибината на тема „Влијанието на фестивалот во зачувување на македонскиот изворен мелос во Македонија и надвор од неа“.
 
Градоначалникот на Долнени, Боше Милошески информира дека утре попладне учесниците ќе настапат на Рудина кое е изворниот почеток на овој Фестивал. 
 
- Фестивалот е нашата традиција, нашите изворни корени. Го уредуваме просторот на Рудина, а до година и ќе се урбанизира. Долнени е горд со претставувањето на македонското изворно нкултурно наследство. Ќе присуствува и претседателот Ѓорге Иванов, вели Милошески.
 
Според Илчо Јованов, претседател на Советот на фестивалот, новите генерации млади и студенти се вљубени во изворните инструменти: тапанот, гајдата, кемането.
 
Досега, во четирите децении одржување на фестивалот учествувале преку 9.000 исполнители на народни инструменти и песни од земјава и од речиси сите континенти.
 
В сабота фестивалот ќе ги додели наградите - Гран при, наградата за најдобри изведувачи и гајдата на „Пеце Атанасовски“ за најдобар странски изведувач на гајда, а ја обезбедува општина Долнени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...