Продолжува регулацијата на реката Брегалница во Делчево

Делчево, 3 јули 2015 (МИА) - Во рамките на проектот „Мерки за заштита од поплави на реките Брегалница и Бистрица“ финансиран преку ИПА - Програмата за прекугранична соработка на Европската унија, во Делчево продолжуваат градежните работи за регулацијата на Брегалница.

- Според проектната документација речното корито на Брегалница во централното подрачје ќе биде целосно регулирано. Тоа значи дека ќе се изведат земјени работи, ќе се вградат мрежни габиони од дробен камен и ќе се позиционираат нивелетите на мини и макси коритото на реката, изјави градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански.

Реализацијата на целиот проект е предвидено да трае две години, а вкупната сума за регулација на реките Брегалница во Делчево и Биистрица во Благоевград, Република Бугарија, изнесува 500.000 евра. Од нив за регулацијата на речното корито во централното градско подрачје на Брегалница во Делчево ќе се потрошат 239.813 евра , а остатокот за регулација на реката Бистрица во Благоевград.

Регулацијата на Брегалница е дел и од програмата за работа на градоначалникот на Делчево, ветена на граѓаните пред неговиот избор на функцијата на последните локални избори.

Покрај заштитата од поплави со регулирање на коритото на Брегалница, граѓаните на Делчево ќе добијат и нови шеталишта по кејовите во должина од 70 метри од двете страни на реката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...