Ниту Груевски и Заев синоќа се сретнале, ниту лидерска средба ќе има

Никаква средба немало вечерва меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како што се шпекулираат некои проопозициски медиуми, дознава Нетпрес од партиски извори.

Според нив, ниту било договорено, ниту пак имало средба на претседалот на ВМРО ДПМНЕ и Премиер на Македонија, Никола Груевски, со првиот човек на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Вечерва некои проопзициски медиуми објавија лажна вест дека наводно вечерва ќе се случела средба.

Нашиот извор вели дека оваа информација е обична лага, и дека ништо не е точно.

Исто така, денеска речиси сите до еден медиуми блиски до опозицијата, објавија дека утре наводно ќе се одржела нова лидерска средба, а на која требало премиерот Никола Груевски и Зоран Заев да објават дали постигнале договор или не околу преодната влада.

Но, Нетпрес дознава дека тоа нема да се случи.

Лидерска средба утре нема да има. Иако опозициските медиуми продолжуваат да шират лаги и манипулации, едно е сигурно – Ниту Груевски и Заев вечерва се сретнале, ниту лидерска средба ќе има.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...