Сведоштво за сообраќајката на патот Охрид – Кичево: Бебето ми умре на раце

Охриѓанецот Бобан Наумоски бил сведок на вечерашнататрагедија која се случи на патот Охрид – Кичево во која животот го загубија две дечиња и една жена, а тројца се повредени од кои двајца потешко и се наоѓаат во Ургентниот центар во Скопје, објави порталот „Охрид 1“.

Во изјавата за овој портал Наумоски вели дека тој и другите сопатници сториле се да ги откорнат вратите од згмечениот автомобил за да помогнат на повредените, но лошата судбина на несреќниото семејство за жал била побрза од нив. Бобан во ексклузивната изјава за „Охрид1“ вели дека глетката била страшна, возилото било буквано сплескано, а бебето кое го извлекле од возилото починало на пат за Кичево.

– Имаше шлепер паркиран од страна кој го поминавме. Колата и комбето чадеа! Колата беше буквално сплескана скроз и возачот беше заглавен напред. Сеуште беше жив… Не се гледаше ништо внатре. Од како ја отворивме врата од позади забележавме дека една жена стои заглавена меѓу двете седишта, а бебенцето беше на задното седиште и даваше знаци на живот. Имаше пулс… Додека се обидував да ја откoрнам предната вртата, другите кои беа со мене го извлекоа бебето од автомобилот и се јавивме во „Брза помош”. На брзата помош и кажавме дека со бебето се уаптуваме кон Кичево, го држевме бебето наведнато на лева страна за да не го голтне јазикот, но за жал бебето помодре во телото, го изгуби пулсот и почина – вели Бобан кој е обучен за пружање прва помош бидејќи неколку години работи како спасувач на плажа.

– Повикавме и пожарна за да ги сечат вратите на автомобилот – вели Бобан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...