Во Кумановско намален бројот на кривичните дела

Куманово,3 јули 2015 (МИА) - Кривичните дела во првите шест месеци од годинава се намалени, покажува статистиката на СВР Куманово. На денешниот локален совет за превенција, командирот на полициската станица од општа надлежност Антон Витковски, изјави дека во првото полугодие регистрирани се 679 кривични дела, што во однос на истиот период лани е намалување од 20,3 проценти.
 
Полицијата во Куманово, информира тој, расчистила 417 дела и оставрила резултат од 61 проценти.
 
- Мислам дека станува збор за добар резултат, но мора да  тежнееме  да работиме уште повеќе, изјави командирот Витковски.
 
Во однос на јавниот ред и мир кумановската полиција за овој период бележи 185 во првото полугодие, што во однос на споредбениот период е речиси незначително намалување, но сепак расчистени се 90 проценти од нарушувањата.
 
Витковски нагласи дека сите институции и граѓани превентивно треба  да работат за да се зачува јавниот ред и мир и да се намали криминалитетот. Во летниот период, рече тој, има повеќе раздвижување, особено како проблем се јавува  гласната музика и конзумирање на алкохол кај малолетни лица на јавни површини. Тој апелира до родителите да обрнат внимание за своите деца.
 
Главниот инспектор за сообраќајни работи, Јонче Јовановски истакна дека во првото полугодие од тековната година во однос на споредбенета се бележи намалување на бројката на сообраќајни незгоди од 10 проценти, но зголемена е бројката на сообраќајки во кои имаше починати лица.
 
- Во оваа полугодие има 9 жртви споредено со лани кога имало пет е дратсично зголемување.Од деветте починати,двајца се пешаци, тројца возачи и четири сопатници, изјави инспекторот Јовановски.
 
Полицијата, подвлече, презема и превентивни и репресивни мерки.
 
Претседателот на Советот на општината, Максим Димитриевски смета дека улогата на ова тело треба да се подигне на повисоко ниво и граѓаните објективно да ги почуствуваат придобивките од конкретни проекти. Предложи полицијата,армијата и пожарната да организираат  заеднички отворен ден и да оставарт контакт со децата од градинките и основните училишта за да се види дека униформираните лица работат во интерес на локалната заедница.
 
На денешниот совет за превенција беа донесени повеќе заклучоци како што се продолжување на меѓусоседски патроли,соработка меѓу родители и полицијата, мешани патроли во сите населби во градот,а се со цел да се задржи на овој степен  нивото на  безбедносната состојба во градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...