Тачи: И името дел од разговорите

Нова средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, ќе се одржи во деновите по викендот. На средбите што се одвиваат во Скопје и во Брисел, тема на разговорите било и името, потврди денеска првиот човек на ДПА Тачи по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел.

- Разговаравме за политичката криза, за главниот процес што ни е многу важен за деблокирањето на евроинтеграциските процеси. Мојот впечаток од средбата со министерот за надворешни работи на Грција е дека не се веќе радикални позициите на грчката влада и се надеваме дека во таа насока ќе работиме до крајот на годината, рече Тачи. На новинарско прашање тој потврди дека паралелно со лидерските средби се работи и на изнаоѓање решение за спорот со името. 

Разговорите меѓу лидерите според него не се одолговлекуваат поради пакетот за името туку поради други несуштински работи.

- Мислам дека следната недела ќе се заврши работи, изјави Тачи. 

Многу е рано, вели тој, да се каже дали на пролет ќе има референдум паралелно со изборите.   

- Една позиција е јасна дека партиите на Албанците ДУИ и ДПА не претставуваат проблем во оваа насока, рече Тачи.

Кај меѓународната заедница, според лидерот на ДПА, има голема загриженост за политичката криза и за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Тачи вели дека е оптимист во однос на изнаоѓањето решение за излез од политичката криза.

- Мојот став од Брисел е дефинитивен и е договорена работа. ДПА не е заинтересирана да учествува во никаква Влада. Ние баравме и најдовме компромис оваа наша отстапка ќе ја компензираме и бараме во институциите на системот да имаме повеќе важност или учество што ќе гарантираат слободни и фер избори, изјави Тачи. 

Претходно, по средбата со Енгел и лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека денеска нема да се одржи лидерска средба. 

Дел од медиумите синоќа и претпладнето објавија дека во текот на денов ќе биде одржана нов состанок на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, во присуство на амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Од Амбасадата на САД и од Мисијата на ЕУ во Скопје за МИА информираа дека таква активност на Бејли и Орав за денеска не е предвидена.

Последната средба на лидерите се одржа на 29 јуни, по која партиите објавија соопштение со иста содржина во кое беше наведено дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА ги продолжиле дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни во Скопје.

Во тој контекст, како што беше посочено, лидерите се договориле да се состанат повторно во деновите што следуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...