Енгел: САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија

САД од секогаш биле добри пријатели на оваа земја и ќе продолжиме со нашата поддршка, изјави американскиот конгресмен Елиот Енгел, по средбата во Скопје со премиерот Никола Груевски.

Енгел, кој е во посета на земјава придружуван од делегација од претставници на Албанско-американската заедница, изјави дека Македонија може да биде пример за соживот во мултиетничко општество. На новинарско прашање истакна дека е оптимист оти политичката криза во земјата наскоро ќе биде решена.

- Јас секогаш сум оптимист и обично тоа дава резултати. Немам совет за премиерот или за кој било друг, но се надевам дека оваа криза треба да биде разрешена што е можно поскоро, бидејќи колку повеќе се одолжува ќе биде потешко за справување со вистинските проблеми. Затоа се надевам дека тоа ќе биде направено што е можно поскоро, вели Енгел.

Запрашан што мисли за спорот за името со оглед неодамнешната посета на Коѕиас и манифестираниот помек став на актуелната грчка Влада во однос на ова прашање, како и изјавата на Мендух Тачи дека на маса за време на разговорите за политичката криза се и решенија за името, Енгел со став дека овој спор може да се реши со компромис.

- Се надевам дека спорот за името ќе биде решен. Првпат дојдов во Македонија 1993 година и тогаш разговарав со претседателот Глигоров по што и двајцата изразивме уверување дека овој спор ќе биде решен многу скоро. Денес еве сме тука после толку години, а спорот за името не е решен. Се надевам дека со оглед на тешката криза во Грција дека сите ќе сфатат оти има многу поважни прашања од името. Затоа се надевам дека двете страни ќе постигнат компромис и дека спорот за името може и треба да се реши. Се надевам дека ова што го слушнавте е добар знак, рече Енгел.

Американскиот конгресмен, кој е член и на Комитетот за надворешни работи во американскиот Конгрес, денеска порано се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, а попладнево ќе има средба и со лидерот на СДСМ Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...