Кривична пријава за двајца полициски службеници за злоупотреба на службена положба

Скопје, 4 јули 2015 (МИА) - Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Т.Џ (41)-полициски службеник во Надворешната канцеларија за кривични работи „Југ“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 1 и Д.Н. (37) полициски службеник во Надворешната канцеларија за кривични работи Гевгелија поради постоење основи на сомнени за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, врз основа на претходно сознание за можна инволвираност на полициски службеници од Регионалниот центар за граничен реон „Југ“ и канцеларијата во Гевгелија во инкриминирани активности околу издавање потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, презема активности за докажување и документирање на настанот.

Од извршените проверки од страна на СВКПС, констатирано е дека на 1 јули 2015 година, по претходен договор со првопријавениот, второпријавениот обезбедил документи издадени од Република Грција на сиријски државјани кои влегле во Република Македонија и од нив побарал да платат по 15 евра по лице за да им посредува за издавање потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

По ова, второпријавениот документите издадени од Грција ги дал на првопријавениот со цел тој да изготви потврди за лицата наведени во документите. Откако ќе ги изготвел потврдите, требало да ги предаде на второпријавениот кој за возврат од сириските државјани ќе добиел по 15 евра од лице.

По преземени мерки од полициски службеници, пријавените биле спречени во натамошните активности и од првопријавениот, одземени се петнаесетте документи издадени од грчките власти за што е известен и консултиран Јавниот обвинител и врз основа на издадена наредба полициските службеници се задржани во Полициската станица во Гевгелија.

По доставената кривична пријава до Основното јавни обвинителство Гевгелија од страна на судија во претходна постапка на полициските службеници им е изготвено Решение со кое им е одредена мерка домашен притвор во времетраење од осум дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...