Грантови од Владата за лица со инвалидитет за отворање сопствен бизнис

Гевгелија, 4 јули 2015 (МИА) - Од втората половина на месецов, Агенцијата за вработување на РМ со посредство на Владата на секое инвалидизирано лице кое што сака да започне сопствен бизнис ќе му понуди 5 илјади евра грант, а доколку вработи уште двајца уште по 1.500 евра грант за секое од нив. Тие двајца можат да бидат инвалидизирани лица, но и не мора, најави денеска премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по посетата на целосно реновираното ОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

- Веќе во буџетот за оваа година се резервирани еден милион евра за оваа намена, а доколку се случи да има голем наплив на добри проекти кои ќе бидат прифатени и ќе почнат да се реализираат ќе се додадат средства, рече премиерот Груевски.

За следната година, додаде, повторно ќе се издвојат средства во буџетот за оваа намена.

- Тоа ќе биде помош за оние инвалидизирани лица кои чувствуваат дека можат да започнат бизнис кои имаат добра бизнис идеја и добар бизнис план и кои сакаат да влезат во една ваква операција, рече премиерот Груевски.

Потсети дека Владата и досега нудела поволности за инвалидизираните граѓани и преку Македонски шуми, како што кажа, веќе се вработени над 200 вакви лица, а за стотина други постапката е се уште во тек.

- План ни е со мерката која што ја донесовме да се заокружи околу 300 вработувања во јавниот сектор, истакна премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...