Богов: Нема потреба од надворешна помош поради грчката криза

Скопје, 5 јули 2015 (МИА) - Македонските банки немаат потреба од надворешна помош за да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, но пристапот до инструментите за рефинансирање на Европската централна банка можат да послужат како добра поддршка ако е потребно, смета гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов.

- Не очекуваме на Македонија да и биде потребна каква било надворешна помош. Веруваме дека домашниот банкарски сектор е отпорен, но секогаш е добро да има отворени опции, наведува Богов во изјава за Ројтерс.

Но, вели гувернерот на НБРМ, не е јасно дали инструментите на Европската централна банка ќе се применуваат и на земјите надвор од ЕУ.

- Ако се применуваат, тоа би била совршена поддршка, смета Богов.

Европската централна банка најави дека ќе ги ги засили капацитетите и можностите за финансиска поддршка во Бугарија, со што би можело да им се помогне и на другите земји во регионот да се спречи прелевањето на кризата од Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...