Поетски портрет на Хрватското книжевно друштвоСкопје, 6 јули 2015 (МИА) - Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска ќе биде одржан Поетски портрет на Хрватското книжевно друштво.
Со свои дела ќе претстават хравтските поети Анџелка Корчуланиќ, Валерио Орлиќ, Срџан Духовиќ и Анте Грегов.
Ќе биде претставена и публикацијата/антологијата „Од еден до друг брег“ во која се застапени дела од овие и други автори од Хрватска преведени на македонски јазик, како и дела од автори од Македонија преведени на хрватски јазик.
|