Седници на четири собраниски тела

Скопје, 6 јули 2015 (МИА) - Во Собранието на Македонија денеска треба да заседава Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

На дневен ред е Предлог Деловникот за работа на Комисијата.

Седница во законодавниот дом треба да одржи и Буџетскиот совет на Собранието. Ќе се расправа за Предлог стратешкиот план на Собранието на РМ за периодот 2016-2018 година и за Предлог - буџетското барање на Парламентот за 2016-та, а треба да биде утврдено и мислење по Предлогот за продажба на движни ствари во Собранието на кои потребата од користење е престаната.

Комисијата за одбрана и безбедност, пак, ќе ја разгледа Предлог - одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, а Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа за новите развојни стратешки цели и родовата еднаквост - еднаквите можности на агендата во Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...