Иванов: Да се најде решение и грчкиот народ да поче да живее нормален живот (ДПЛ)

Загреб, 6 јули 2015 (МИА) – Македонскиот претседател Ѓорге Иванов  одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот референдум во Грција на прес-конференција во Загреб рече дека очекува состојбата во Грција да се стабилизира, затоа што сите земји во регионот се меѓусебно поврзани и тие состојбите влијаат од една во друга земја.

- Посакуваме да се најде решение и конечно грчкиот народ  да поче да живее нормален живот, истакна Иванов.

Народната банка на РМ, како што посочи,  е подготвена и ги има сите можни сценарија како да се справи со предизвиците од последните случувања во Грција.  - Веќе дел од тие мерки се преземени и не постои никаква опасност да бидат загрозени банките во Македонија, кои се заштитени, додаде тој.

Хрватската претседателка Колинда Грабар - Китаровиќ изрази стравување дека состојбата во Грција дополнително ќе влијае врз расположението на европските граѓани и на проширувањето. 

- Затоа е клучно да се инсистира процесот да продолжи на политичко ниво, на ниво на државници, на ниво на Европската комисија. Не смееме да дозволиме ерозија на европските идеи на отвореноста на слободен пазар затоа што постојат проблеми во поедини делови на Европа, рече Грабар Китаровиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...