Струмица, 6 јули 2015 (МИА) - На автобуската станица на „Струмица Експрес“ во Струмица денеска напладне избувна пожар на еден „двоен“ автобус, кој заради неисправност бил на посебен паркинг.
На местото на настанот интервенира екипа од Противпожарната станица во Струмица, која го локализираше пожарот.
Од Струмичката противпожарна единица информираат дека истрагата за причините за денешниот пожар е во тек.