Потврдени одличните односи меѓу Македонија и Хрватска

Загреб, 6 јули 2015 (МИА) - Македонија и Хрватска имаат одлични односи и меѓу нив постои согласност за клучните надворешно-политичи цели. Ова го  истакнаа на денешната прес-конференција во Загреб македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговата хрватската колешка Колинда Габар-Китаровиќ.

- Хрватска е членка на ЕУ и на НАТО и сака да ја види Македонија како членка и поради тоа го продолжува континуираниот дијалог на сите нивоа во сите области, истакна Грабар-Китаровиќ.

Во контекст на тоа претседателот Иванов рече дека Македонија очекува да го добие она што го заслужува, односно да биде членка на НАТО бидејќи блокадите кои досега ги имавме укажуваат на голема фрустрираност на наслението во Македонија од очекувањата кои ги имавме со зачленување.

- Очекувањата кои ги имаше со зачленувањето се изневерени. Со години сме во чекалната на ЕУ и НАТО. Очекуваме поддршка од Хрватска  за Македонија да го добие тоа што го заслужува, нагласи македонскиот претседател .

Хрватската претседателка рече дека денеска е добра прилика  да се испрати порака и до НАТО и до ЕУ за подготвеноста и цврстата определба на Македонија за евроатлантскиот пат и реформа.

– Од наша страна има цврста решителност да ве поддржиме и охрабриме на тој пат, истакна таа.

За жал Европа во овој момент, како што посочи Грабар-Китаровиќ, е позатворена и евроскептична, а се јавува и еврофобија во одредени делови. Во контекст на тоа додаде дека постои отпор кон проширувањето кој треба да се надмине.

- За жал договорот со Грција е поврзан со напредокот на евроатлантскиот пат, но и  заморот кој се чуствува  во ЕУ и НАТО секако придонесува и кон моменталната ситуација во кој се наоѓа Македонија со пристапувањето, нагласи Грабар-Китаровиќ.

Говорејќи за малцинствата таа рече дека се обврзавме и од едната и од другата страна на нашите малцинства да им овозможиме целосно искористување и спроведување на сите права и заштита на јазична, етничка припадност и на идентитетот.

Хрватската претседателка истакна дека има напредок во економските односи меѓу двете земји, но дека би сакала да види нивно унапредување, особено трговската размена и вложувањата.

Говорејќи за трговската размена меѓу Македонија и Хрватска, Грабар-Китаровиќ рече дека е на исто ниво во изминатите неколку години и изнесува околу 174 милиони евра во 2014 година. Додаде дека постои простор за јакнење на соработката особено во градежништвото, во прехранбената индустрија, земјоделството, во фармацевската индустрија, во туризмот, како и во заеднички настап на компаниите на трети пазари.

Хрватска, како што посочи претседателот Иванов, е присутна во нашата земја преку инвестициите што ги има во македонското стопанство и тоа дава резултати особено во земјоделието, откупот на земјоделски производи и соработка од она што е во интерес на двете држави.

На прашањето за илегална миграција Грабар-Китаровиќ нагласи дека треба да бидеме подготвени на поголем бран на мигранти. –  Затоа треба да се фокусираме не само на нивно згрижување, туку и на сузбивање на изворот, коренот на тоа случување, додаде таа.

Претседателот Иванов одговарајќи на новинарско прашање за актуелната политичка состојба во Македонија, рече дека треба да бидеме оптимисти и да се надеваме дека ќе има завршница.

- Да бидеме оптимисти и да се надеваме дека ќе има завршница и дека Македонија ќе го продолжи својот пат кон ЕУ, трансформирајќи го своето општество. Затоа што кога почнуваат сите тие преговори трансформацијата е најголема бидејќи општеството треба да се прилагодува на европски стандарди,  критериуми и принципи, рече Иванов.

Македонскиот претседател положи венец пред „Ѕидот на болката“ на градските гробишта Мирогој.

Според агендата, Иванов попладнево ќе има средба и со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...