Концерт на холандски музичари во Детската клиника

Скопје, 7 јули 2015 (МИА) - Концерт за децата хоспитализирани на одделите на Клиниката за детски болести во Скопје денеска приредија музичари од Студентскиот оркестар од Утрехт, Холандија.

Организирани во три групи музичарите одржаа мали концерти на Одделот за хемато-онокологија, во Амфитеатарот на Клиниката и во игротеката на приземниот спрат со цел да ги анимираат децата кои на Клиниката имаат подолг престој.

Студентскиот оркестар од Утрехт е основан 1823 година и е најстариот симфониски оркестар во Холандија. Секоја година оркестарот посетува различна држава пренесувајќи ја својата музика на различни култури. На своите тури, повеќе од 17 години, тие се предводени од нивниот диригент и уметнички директор Бас Полард.

Во Македонија покрај во Клиниката за детски болести ќе одржат концерти и во рамките на Скопско туристичко Лето, Летниот Фестивал во Битола, во Домот за деца без родители - 11 Октомври и на уште неколку локации.

Настапот на Студентскиот оркестар од Утрехт е резултат на соработката на Клиниката за детски болести и Амбасадата на Кралството Холандија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...