Собранието расправаше за измените на Законот за трансплантација

Скопје, 7 јули 2015 (МИА) - Собранието денеска расправаше за измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање. 

Законот се дополнува со воведување можност за дарување органи помеѓу парови,  во делот кој се однесува на дефинирање на лицата кои може да даруваат органи, условите за бирање национален координатор и друго. Во изминатите три години во Македонија се извршени 92 трансплантации на органи. Македонија е на осмо место во регионот по бројот на пресадување бубрези. 

Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ смета дека станува збор за многу важно и авангардно законско решение. Се зголемуваат шансите на пациентите за продолжување на нивниот живот или квалитетот на животот. Побара да се работи на проширување на листата на органи кои ќе може да се донираат.  

- Трансплантанцијата е прилично развиена во Македонија и има традиција од 40 години. Кај некои заболувања го подобрува квалитетот на животот, а од некои директно зависи животот на пациентот. Ова законско решение уште во поголема мерка ги зголемува правата на пациентите, рече Чибишев. 

Пратениците сметаат дека станува збор за унапредување на текстот на законот. 

- Република Македонија може да се гордее со хуманоста на своите граѓани и со крводарителството. Тоа што го прават граѓаните е исто така доброволна работа без некоја награда, рече пратеничката Мирсада Емини - Асани од ДУИ, која апелираше да се спроведува обдукација доколку некој почине за да се открие од што тој починал.  

Побарана е кампања за информирање на граѓаните во врска со трансплантацијата на органи. 

Пратениците во рамки на 57. седница ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на земјоделските производи, на Законот за катастар на недвижности и на Законот за хемикалии.   

Донесена е одлука за испраќање уште еден припадник на АРМ во мировна операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Во базата Бутмир на три месеци се испраќа доктор, припадник на АРМ. 

За член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации е именувана Гордана Клинчарова, а донесена е и одлука за објавување јавен конкурс за избор на член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, поднесена од пратеникот Зоран Илиоски.

Ратификувани се изменетата Конвенција за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународните езера, Протоколот за забрана на употреба на задушувачки, отровни или други гасови и бактериолошки методи на војување, Женева, 17 јуни 1925, Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска помош помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Молдова за полициска соработка.

Седницата ќе продолжи по редовната пауза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...