Узурпирани 40 хектари во Драчево, наместо државни, во непозната сопственост

Скопје, 7 јули 2015 (МИА) - Узурпирани се вкупно  40 хектари кај скопската населба Драчево со нелегално сеење пченица од страна на се уште непознато лице. Освен ова противправно дејство, спорна е и сопственоста на земјиштето.

Како што рече денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, откако неговите служби почнаа со жнеење на пченицата, односно одземање на родот, земјиштето со години наназад било државно, но сега, според имотниот лист, е на непознат сопственик.

Инспекторатот ја лоцира одговорноста во Јавното правобранителство кое, и покрај промената на катастарските броеви минатата година, не дало потврда дека земјиштето е во државна сопственост.

- Пред пет-шест месеци официјално се обративме до Министерството за внатрешни работи, Катастарот и Правобранителството зашто сметаме дека се прави обид земјиштето на нелегален начин да се префрли можеби во приватни раце. Одговор се уште немаме добиено. Со векови наназад овие парцели кај Драчево биле имот на РМ, а сега се водат на непознат сопственик, што не е можно зашто има историја на движење во Катастарот, нагласи Стаменов.

Според него, со денешното жнеење на пченицата Инспекторатот втор пат јасно покажува дека ќе постапува еднакво секаде доколку утврди каква било узурпација, а од санкциите не може да избега никој, независно кој е, од каде доаѓа и каква е неговата политичка провениенција.

- Македонија е сериозна и одговорна држава, оној што ќе земе закуп по минимална цена од 2.000 до 3.000 денари по хектар може да го работи земјиштето, но не и оној што сака да узурпира, без каков било надомест. Ние сме институција на државата и ги штитиме интересите на граѓаните. Сме дале збор дека чесно и коректно ќе постапуваме, така што, независно кој од каде е, од позиција или опозиција, не може да избега од законските санкции, потенцира Стаменов.

Од оваа година со законските измени, Инспекторатот за земјоделство може да одзема нелегално стекнат род на која било узурпирана парцела и од познат сторител, а не како досега, само од непознат. Исто така може да поднесе и кривична и прекршочна санкција.

Узурпации на земјоделско земјиште досега има во повеќе наврати, во Неготинско, Кавадаречко, источна и западна Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...