Се бара решение за политичката криза

Скопје, 14 јули 2015 (МИА) - Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан претпладнето во ЕУ Инфо центарот се сретна со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.



Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, попладнево во резиденцијата на ЕУ во Пржино имаат средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е придружуван од Радима Шекеринска и Рената Трнеска Дескоска.

Се очекува Хан и европратениците да се сретнат и со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Според најавата од Европската комисија, по поединечните средби со лидерите на четирите најголеми политички партии, треба да се одржи и заедничка лидерска средба.

За доцна попладне е најавена прес-конференција на која еврокомесарот Хан ќе ги соопшти резултатите од разговорите со партските лидери за надминување на политичката криза.

Основа за постигнување конечен договор, како што велат од ЕК, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...