Партиските лидери на средба со Хан и тројката европратеници

Скопје, 14 јули 2015 (МИА) - Лидерите на ДУИ Али Ахмети  и на ДПА Мендух Тачи попладнево им се придружија на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев на разговорите со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит.



Еврокомесарот Хан со тројцата пратеници на ЕП ги започнаа разговорите со лидерите на партиите претпладнето. Најнапред во мисијата на ЕУ во Скопје тие се сретнаа со Ахмети и Тачи, а потоа во резиденцијата на ЕУ имаа  одвоени средби со лидерите на СДСМ и на ВМРО, Заев и Груевски.

Ахмети на средбата е придружуван од пратеникот Артан Груби, Тачи од Имер Алиу, Груевски од министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за здравство Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а попладнево им се приклучи и координаторот на пратеничката група Илија Димовски. Зоран Заев на средбите присуствува придружуван од Рената Десковска и Радмила Шекеринска.



На средбите присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија Аиво Орав и Џес Белји.

Еврокомесарот Хан и пратениците на ЕП дојдоа на денешните разговори во Скопје по неуспехот на преговорите за излез од политичката криза меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата. 



Основа за постигнување конечен договор, како што велат од ЕК, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година. 

Сеуште не е познато каков ќе биде исходот од денешните средби и дали ќе има конечен договор за излез од политичката криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...