Бремените и старите над 60 години до вторник ослободени од работа

Скопје, 22 јули 2015 (МИА) - Бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години, од денеска до вторник (28 јули) треба да се ослободени од работните обврски, препорача вчера Владата на предлог Министерството за здравство.  

Како што соопшти Министерството за здравство, во истиот период се препорачува и работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот. 

Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела. 

- За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, се вели во соопштението од Министерството за здравство. 



Оттаму посочуваат дека сите заинтересирани граѓани имаат можност да добијат здравствен совет и превентивни препораки за заштита од високи температури во рамки на здравствените пунктови поставени во сите градови во државата, секој ден од 18.30 до 21.30 часот, каде се врши мерење на крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

На територијата на град Скопје еден се наоѓа на пешачката патека кај реката Вардар и по два мобилни пункта се распоредени во сите скопски општини.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страницата www.toplotnibranovi.mk.

Според УХМР, дневната температура во Македонија денеска ќе достигне до 38 степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...