Базата на податоци на лицата со инвалидност на собраниска седница во среда

Скопје, 27 јули 2015 (МИА) - Комисијата за труд и социјална политика денеска ги даде на натамошно читање дополнувањето на Законот за вработување на инвалидни лица и Предлог - законот за национална база на податоци на лица со инвалидност, по скратена постапка.

Заменик - министерот за труд Ибрахим Ибраими појасни дека основна цел на Предлог - Законот за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица е да се овозможи Посебниот фонд да се користат средства за придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и придонес за вработување за вработеното инвалидно лице, како и придонес за пензиско и инвалидско осигурување за вработените во заштитното друштво кои не се инвалидни лица и инвалиди на трудот. 

Со Предлог-законот за национална база на податоци на лица со инвалидност, по скратена постапка, се предвидува воспоставување единствена електронска евиденција, односно национална база за лица со инвалидност. Се уредува и начинот на функционирање на националната база на податоци за лица со инвалидност, обработката на податоците во базата, користењето на податоците во базата, безбедноста на податоците и надзорот над функционирање на базата. 

Националната база на податоци за лица со инвалидност претставува дел од интегрираниот здравствен информатички систем кој овозможува обработка и давање на користење податоци меѓу надлежните органи, со цел воспоставување на единствена евиденција на податоците и остварување на правата по основ на инвалидност согласно закон.

Со овој закон е уредена и можноста за ажурирање и давање на користење на податоците во Националната база од страна на надлежните органи за обработка и давање на користење на податоците од Базата.

Законите се на дневен ред на продолжението на 59.седница закажано за среда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...