Во ЈЗУ пружена здравствена заштита на 265 мигранти

Скопје, 27 јули 2015 (МИА) - Во јавно здравствените установи пружена е здравствена заштита на 265 мигранти, соопшти денеска МВР.

На влезна точка Гевгелија, согласно препораките на Светска здравствена и организација на мигрантите овозможена им е вакцинација  против сипаници, заушки и црвенка (МРП), како и против детска парализа (ПОЛИО), за која досега се согласиле да ја примат и се вакцинирани  50 лица.

Секојдневно од страна на Центрите за јавно здравје, се посочува во соопштението, се спроведува дезинфекција на просторот на железничките станици и околината каде се задржуваат мигрантите во Гевгелија  Куманово,Табановце  на површина од 2600м2/дневно, како и дезинфекција на возовите кои сообраќаат на релација Гевгелија- Куманово/Табановце на површина од 2000м2 /дневно.

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст изминатиот викенд пружиле прва помош на вкупно 370 лица, од кои 169 интервенции на мигрантите кои пристигнале на железничката станица Табановце, а останатите 201 интервенции на желеничката станица во Гевгелија.

Екипите на Црвен крст, поради идентификуваната сериозна здравствена состојба, извршиле транспорт на 5 лица до гевгелиската општа болница. По укажаната медицинска асистенција, лицата во стабилна состојба ја напуштиле болницата.

За време на викендот, екипите на Црвен крст, лоцирани на железничките станици во Табановце и Гевгелија,  дистрибуирале вкупно 483 шишиња вода, 67 пакети со храна, 64 хигиенски пакети за жени, 48 хигиенски пакети за мажи, 38 пакети за самопомош и 53 пакети за бебе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...