ЛП: Регистрација на гласачите за Избирачкиот список, носи ризици

Скопје, 28 јули 2015 (МИА) - Воведување регистрација на гласачите и на таа основа да се направи Избирачкиот список, како едно од прашањата што ги обработува Групата што ги усогласува ставовите за обезбедување фер и демократски избори на 24 април 2016 година, како решение носи одредени ризици што може да имаат сериозни негативни последици во праксата, смета Либералната партија.

Либералната партија во денешното соопштение посочува дека не постои сигурност дека со „доброволна“ регистрација ќе може да се обезбеди уставното право на глас на голем дел од граѓаните. Имајќи предвид дека рокот за регистрација е порано од почетокот на изборната кампања, се укажува, ваквото решение во старт го дестимулира остварувањето на уставното право на глас на граѓаните кои може да решат да гласаат поттикнати од кампањата.

- Либералната партија предупредува дека системот на доброволна регистрација многумина може да го сфатат како ослободување од граѓанската обврска да гласаат, а други да ги изложи на притисок од четирите партии да се регистрираат само оние за кои тие се сигурни дека ќе гласаат за нив, стои во соопштението и се додава дека ако се примени тој метод на правење на Избирачкиот список, во дадените услови постои можност да се преполови избирачкото тело во Македонија, што дополнително ќе го намали легитимитетот на било која власт и на институциите.

Ваквиот систем на правење на избирачкиот список, сметаат во Либералната партија, ги задоволува само теснопартиските интереси на четирите партии – потписнички, а го спречува проширувањето на основата на демократскиот развој на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...