Над стотина кандидати за улога во филмот „Златна петорка“

Струмица, 28 јули 2015 (МИА) - Над стотина лица од различна возраст и пол денеска во Домот на АРМ во Струмица ги покажаа своите актерски способности на кастингот за улога  или статисти во новиот долгометражен игран филм со работен наслов  „Златна петорка“ на  режисерот Горан Тренчовски. 

- Заедно со продуцентот Дејан Милошовски и луѓето од „Револушен“ денеска имавме многу успешен и интересен кастинг. За мене стотината учесници, меѓу кои имаше чисти професионалци, но и аматери и натуршчици, е сосема очекувано, ако се има во предвид дека во Стумичко работат повеќе културно-уметнички друштва и драмски секции во средните училишта. Задоволни сме од денешниот кастинг, добар дел од кандидатите ги исполнуваат основните услови и ќе бидат дел од актерската екипа на „Златна петорка“, рече режисерот Тренчовски.

Вториот кастинг за играниот филм „Златна петорка“, кој е поддржан од Агенцијата за филм на РМ, е на 31 јули во просториите на „Вардар филм“ во Скопје во периодот од 9 до 14 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...