Потпишан договор за израбока на Национална стратегија за заштита на природата

Скопје, 29 јули 2015 (МИА) - Национална стратегија за заштита на природата и студија за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија треба да изработи трговското друштво за издавачка дејност, картографија, градежништво и услуги „ГЕОМАП“ ДОО – Скопје, како најдобар понудувач избран на јавен  тендер. 

Договорот за изработка на стратегијата го потпишаа денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, Сузана Јовановска, управител на „ГЕОМАП“ и Марјонка Велјановска, управител на „Фармахем“, програмски координатор на програмата за зачувување на природата во Македонија.  

Стратегијата претставува многу важен документ со кој ќе се одредат целите и насоките за зачувување на природата за наредните десет години, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)

Со изработка на стратегијата, според ресорното Министерство, ќе се обезбеди поефикасна имплементација на националната легислатива за заштита на природата и спроведување на обврските на Македонија кои произлегуваат од меѓународните ратификувани документи (конвенции и договори) од областа на заштитата на природата, како и на ЕУ директивите за живеалишта и птици.  Воедно, со изработка и донесување на стратегијата ќе се унапреди процесот на хармонизација на националното со  ЕУ законодавството од областа  на заштита  на природата.

Изработката на Национална стратегија за заштита на природата претставува само една компонента од проектот „Програма за зачувување на природата во Македонија“, кој има за цел да поддржи активности за зачувување на биолошката разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивно одржливо управување и користење. 

Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект координиран од „Helvetas Swiss Intercooperation“ од Швајцарија и „Фармахем“ од Скопје, а е финасиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во Македонија.

Изготвувањето на Стратегијата за заштита на природата е предвидено и во Стратешкиот план на МЖСПП (2015-2016г.),  во Националниот еколошки план  (НЕАП 2) и во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, во делот за природа  (2015г.).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...