Метео-аларм: Во портокалова фаза утре и осоговско-малешевскиот регион

Скопје, 29 јули 2015 (МИА) - По најавата од метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, утре уште еден регион од државата ќе биде зафатен со температури од портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство. 

Станува збор за осоговско-малешевски регион, односно градовите Крива Паланка, Кочани, Берово, Делчево, со што од вкупно шест региони во државата, во текот на утрешниот ден три региони (охридско–преспански, јужно-вардарски и осоговско–малешевски регион) ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза , односно температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза.

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат да важат донесените препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.

Покрај овие препораки, Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период.

За населението и понатаму важат општите препораки за заштита од високите температури, согласно Акцискиот план за заштита од топлотни бранови: во текот на екстремно топли денови, се препорачува престој во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворено, да се овозможат почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце и заштитни очила и капа, при сончање се препорачува да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности (најдобро обична вода за пиење), а да се избегнуваат алкохолните пијалаци и при влегување во возило, потребно е одреден период да се проветри возилото.

Со цел заштита на здравјето на ранливите групи на население, се препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Во текот на летниот период, во сите градови низ државата се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден во периодот од 18:30 до 21:30 часот. На пунктовите се врши мерење на крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...