ССК и Општина Аеродром потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Општина Аеродром ја официјализираа соработката со потпишување Меморандум чија цел е воспоставување партнерство за забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање.

Како што соопшти ССК, освен интензивирање на соработката, Меморандумот предвидува и формирање Деловен клубод компании- членки на Сојузот кои делуваат на ниво на општината од различни дејности, како и претставници на менаџментот на Општина Аеродром.

Преку овој клуб ќе се воспостави, поттикне и развива дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и ќе се зајакнат врските меѓу потребите на пазарот на труд и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем и претприемништвото. Се очекува и размена на мислења и информации, како и покренување заеднички иницијативи и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината.

- Компаниите кои делуваат на ниво на општината, заеднички, здружени преку Комората, а сега и преку општинскиот Деловен клуб, ќе имаат можност навремено да ги следат и детектираат предизвиците во општината со цел подобрување на деловното опкружување. Покрај нив, постои отворена можност да се приклучат и останати фирми, комори и организации, информира Сојузот.

Меморандумот го потпишаа претседателот на ССК Данела Арсовска и градоначалникот Ивица Коневски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...