Интернационална вечер на Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Битола, 31 јули 2015 (МИА) - Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со интернационална вечер на која ќе настапат Ансамбл „Баладеле Делтеи – Дорулетул“ – Тулчеа од  Романија, Фолклорен ансамбл „Туропоље“-Велика Горица од  Хрватска, градското КУД  „Севдах“ од Врање, Србија, ансамблот „Куартиере Вилланова ди Каљари“ од Сардинија, Италија, Ансамбл „Курпие Зиалоне“-Биалисток од  Полска и ансамблот „Македонка“ на македонците иселеници во Торонто, Канада.

- Сме биле насекаде низ светот, но во Македонија и во Битола доаѓаме првпат. Забележавме дека фестивалот  предизвикува голем интерес  и е посетен од многубројна публика, истакна  Андреј Дурдал, претседател на Ансамбл „Курпие Зиалоне“-Биалисток од Полска.

Директорот на Ансамбл „Баладеле Делтеи – Дорулетул“ – Тулчеа од Романија, Штефан Коман посочи дека во Македонија гостувале 14 пати, но исто како и друштвото од Полска, во Битола имаат премиерно гостување.

- Импресионирани сме од историјата на градот, го погледнавме Музејот и Хераклеа, а посебно ни се допадна стариот дел во центарот на градот кој има идентични детали како Букурешт. Македонците се многу добри и приемчливи луѓе и тоа многу ни се допадна, истакна Коман.

Вечер на Широк Сокак во Битола ќе настапи и ансамблот „Македонка“ од Торонто-Канада, еден од најпознатите ансамбли на македонски народи песни и игри во Торонто и воопшто на Северно Американскиот континент, чиј основач и учител e Александар Алек Петличков. Ансамблот „Македонка“ гостувал насекаде во светот, а  гостувањето во Македонија годинава го помогна Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

За постигнатото и заслугите за Македонија, на 21-ви јули оваа година, Претседателот на Република Македонија го одликува ансамблот „Македонка“ со признанието „Повелба на Република Македонија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...