Издадени 549 потврди за искажана намера за поднесување барање за право на азил

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - Министерството за внатрешни работи врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, вчера издаде 540 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 31.07.2015 година се посочува во соопштението, издадени се потврди на вкупно 22.748 странски државјани, од кои, 16.462 се од машки пол, 3.016 се од женски, 3.072 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 198 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 16.905, потоа од Авганистан 1.764, Ирак 1.245, од Пакистан 785, Сомалија 502, од Палестина 420, Конго 278, од Камерун 127, додека останатите се во помал број. 

Од започнување на издавањето на потврдите до 31.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 31.07.2015 година се евидентирани вкупно 7 баратели на азил, сите мажи.

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст на ден 30.7.2015, укажаа прва помош на вкупно 143 лица, од кои 5 трудници. Од вкупниот број интервенции, 102 беа извршени на железничката станица во Гевгелија и 41 интервенциja на железничката станица Табановце.

Дистрибуирани се: 365 шишиња води, 29 хигиенски пакети за жени, 44 пакети со храна, 23 хигиенски пакети за мажи, 36 пакети за самопомош и 26 пакети за бебиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...